Паднал во шахта и починал

news
Advertisement

Маж починал по пад во необележана шахта за одвод во Катланово

МВР информира дека се работи за 68-годишник кој, движејќи се пешки, паднал во необележаната шахта и починал
Маж на возраст од 68 години почина по пад во необележана ископана шахта за одвод во село Катланово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisement

Случајот бил пријавен вчера околу 10 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.

„На 21.04.2023 околу 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Катланово имало паднато машко лице А.А.(68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пешки, А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал“,

се наведува во соопштението на МВР.
Смртта на 68-годишникот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.