Српскиот министер Баста со украинските пратеници: Русија изврши агресија, нашата цел е за 5 години членство во ЕУ

news
Advertisement

Министерот за економија на Србија, Раде Баста денеска се сретна со пратениците од Украина, Игор Копутин и Игор Херасименко, како и со Федир Вениславски, кој е претставник на претседателот на Украина во парламентот и член на Врховниот владин комитет за национална безбедност и одбрана, пренесува српски N1.

Advertisement

„Дозволете ми да го изразам моето длабоко жалење за ситуацијата и војната во Украина. Имаме јасен и недвосмислен став за ова прашање дека нападот врз суверена држава е грубо кршење на меѓународното право“, рече Баста, додавајќи дека патот на Србија е патот кон Европската Унија и внимателно ги следи сите чекори што ги презема ЕУ.

Баста рече дека се надева оти војната ќе заврши што е можно поскоро, пред се заради Украина, но и заради Европа и целиот свет.

„Сакам да испратите поздрав до мојот голем пријател, градоначалникот на Киев, и да му кажете дека сум со него во мислите. Знам колку е тешко да се обнови земјата по воените конфликти. Од наша страна, постои желба да се подобри економската соработка и да се учествува во обновата на украинската економија“, рече тој.

Во разговор со украинските пратеници, Баста посочи дека како што Србија го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, ние сме благодарни што Украина го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Србија во однос на Косово и Метохија.

„Србија е на пат кон полноправно членство во Европската унија и секојдневно вложува големи напори за да постигне видливи резултати во трансформацијата и развојот на економијата, инфраструктурата и подобрувањето на деловното опкружување и квалитетот на животот на граѓаните“, заклучи Баста.

Соговорниците се согласија дека има простор за дополнително унапредување на економската соработка за взаемна корист.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.