(ВИДЕО) Хамас киднапираше семејство со три генерации, ни трага ни глас од нив

news
Advertisement

Киднапирани се три генерации од исто семејство во Израел.

Advertisement

Израел вели дека Хамас и другите палестински групи зеле околу 100 луѓе како заложници и ги одвлекле во Појасот Газа. Однеле млади, стари, изнемоштени, жени и деца.

Еден од најстрашните случаи е киднапирањето на три генерации од исто семејство.

Киднапирањето на семејството Бибас Силверман во Кибуц Нир Оз го снимија Палестинците и тие ја објавија снимката за да ја види светот.

Жената се вика Шири. Нејзините деца се Ариел, која има четири години и Кфир, која има само девет месеци. Тие се киднапирани заедно со нивниот татко, Јарден и нејзиниот татко Јоси, и нејзината мајка Маргит, која има Паркинсонова болест и има потреба од дневна доза лекови.

Во неговиот стан во Тел Авив, роднина на Јоси за Sky News ја раскажа агонијата што ја доживеал гледајќи ја снимката од киднапирањето на неговите роднини.

„Првиот пат кога ги видов снимките не можев да поверувам. Не можев да разберам што гледам, а потоа ја погледнав втората снимка и беше многу јасно дека ова е мојата братучетка Шири и двете мали деца“, рече тој.

Семејството не слушнало нови информации за своите најблиски ниту од Палестинците, ниту од сопствената влада.

Палестинскиот новинар од Појасот Газа, Мухамед Смири објави видео од целосно уништената населба Ал Римал, а во меѓувреме Израел го бомбардираше граничниот премин Рафах што ги поврзува Газа и Египет.

Огромен број ракети беа истрелани од Газа во насока на Ашкелон.

Хамас која во саботата изврши напад врз Израел убивајќи и киднапирајќи цивили и носејќи ги во Газа, се закани дека ќе ги погуби заложниците и ќе ја емитува егзекуцијата во живо на Интернет, пренесуваат медиумите во регионот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.