Тажна вест: Тренер во стручниот штаб на Голден Стејт, Дејан Милојевиќ почина на 47-годишна

news
Advertisement

Српскиот поранешен кошаркар и сегашен тренер во стручниот штаб на Голден Стејт, Дејан Милојевиќ почина на 47-годишна возраст како последица од срцев удар.

Advertisement

Тажната вест вечерва ја потврди неговиот сегашен клуб. Како што беше од претходно познато на Милојевиќ му се слошило во текот на вечерата во еден ресторан во Солт Лејк Сити каде што вечерва Вориорси требаше да играат натпревар против Јута.

Првичните информации беа дека состојбата на Милојевиќ е стабилна, но за жал не успеа да ја добие најважната битка во животот.

Зад себе Милојевиќ ја остави сопругата и синот Никола. Натпреварот помеѓу Јута и Голден Стејт е одложен и неговиот термин на одигрување дополнително ќе биде утврден.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.