Арнолд Шварценегер задржан на аеродромот во Минхен: Мора да плати казна од 35.000 евра

news
Advertisement

Актерот Арнолд Шварценегер денеска е задржан на аеродромот во Минхен и испрашан, поради нерегистрираниот луксузен часовник кој цариниците го пронашле во неговиот багаж. Актерот планирал овој луксузен часовник да го продаде на добротворна аукција што ќе се одржи утре во Кицбил, Австрија, пренесува „Билд“.

Advertisement

Во медиумите се прошири фотографија на која Шварценегер гледа во камерата и држи кутија во која е часовникот, додека го испрашуваат царинските службеници. Часовник е уникатен примерок направен по мерка само за него, а проценет е на 26.000 евра.

Портпаролот на главната царинска испостава во Минхен, Томас Мајстер, изјави за „Билд“ дека е „покрената кривична постапка според даночниот закон, бидејќи часовникот требало да биде регистриран“.

Поради ова, Шварценегер е казнет со 35.000 евра. На актерот му било кажано дека мора да плати половина од царинските такси во готово, а бил придружуван од службеник да ја подигне огромната сума од банка. На неговата 49-годишна девојка Хедер Милиган и еден пријател кои го придружуваа на летот од Лос Анџелес попладнево – не им било дозволено да одат во банка со него.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.