Маскирани крадци влегуваат во куќа во Црниче, граѓаните бараат помош од јавноста и полицијата

news
Advertisement

Граѓаните кои живеат во скопската населба Црниче бараат помош бидејќи крадци се обидуваат да им провалат по домовите.

Advertisement

Иако имаат безбедносни камери, крадците без страв влегуваат во нивните дворови. За вчерашниот случај се објавени и снимки.

На видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа како две лица со маски на лицето и ракавици се прикрадуваат во дворот.

Доаѓаат до вратата, ѕвонат, но никој не им отвора. Додека едниот ја проверува околината, другиот се спрема да упадне. Се обидува неколкупати да ја прескокне терасата. Последниот пат, излегува лице од куќата, по што тие панично заминуваат.

Жителите на овој дел од градот бараат помош од полицијата, но и од градоначалникот Орце Георгиевски за решавање на проблемот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.