УАПСЕНИ МОНСТРУМИ ОД ПЕДОФИЛСКИ СИНЏИР ВО СРБИЈА Запленети илјадници слики од деца на возраст од 3 до 14 години

news
Advertisement

Полицијата приведе седум педофили во Белград, Ниш, Пирот и Лесковац за време на акцијата Армагедон. Овие монструми се осомничени дека комуницирале со малолетници на социјалните мрежи од сопствени и лажни профили. Тие испраќале порнографски фотографии и видеа, добивале содржини од сексуална експлоатација и злоупотреба на деца, а и договарале сексуални средби со малолетници, јави дописникот на МИА од Белград.
Децата на сликите и видеата се на возраст од 3 до 14 години.
Министерството се сомнева дека долго време, овие монструми користеле специјализирани апликации за споделување датотеки со порнографски материјали со деца. Тие користеле специјални пребарувачи кои ја прикриваат локацијата. Педофилите биле присутни на социјалните мрежи од сопствени и лажни профили. Тие комуницирале со малолетници, испраќале порнографски видеа и фотографии поврзани со експлоатација, а договарале и средби со малолетни лица.
Од српското МВР велат дека при претресот на становите на осомничениот извршен е преглед на компјутери и компјутерска опрема при што е пронајдена поголема количина порнографски видео клипови и фотографии со сексуално малтретирање на деца.
Српската платформа „Те чувам“ и американскиот Национален центар за исчезнати и експлоатирани деца (Нечмек), глобален лидер во спречување на киднапирања, пронаоѓање исчезнати деца и борба против сексуалната експлоатација на Интернет, ја поддржаа оваа акција. Србија е единствената земја во регионот со директен пристап до оваа платформа.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.