Ковачевски: СДСМ го исполни аманетот на Конески, го заштити македонскиот јазик, тоа е патриотизам

news
Advertisement

Ние, македонските социјалдемократи го исполнивме аманетот на Блаже Конески, на џинот од Небрегово, тоа е патриотизам, да го сочуваш македонскиот јазик, идентитет, да ги обезбедиш во Европа и светот, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во обраќањето на традиционалниот народен собир во манастирот св.Димитрија во Селце, општина Прилеп.

Advertisement

-Ги добивме досега сите битки со државничките политики на СДСМ и про-европската коалиција. Во 1991-та година обезбедивме независност. Во 1993-та година државата стана членка на Обединетите нации. Во 2016-та година совладавме режим. Во 2017-та година ја обновивме демократијата. Во 2020-та година станавме членка на НАТО. Во 2022-та година започнавме преговори со ЕУ, по цели 17 години од добиениот кандидатски статус при што македонскиот јазик, идентитет, култура, посебност ги заштитивме и ги обезбедивме. Денеска Македонскиот јазик е на исто рамниште со јазиците на земјите членки на ЕУ. Затоа ние, македонските социјалдемократи со гордост велиме дека го исполнивме аманетот на Блаже Конески, на џинот од Небрегово! Тоа е патриотизам, да го сочуваш јазикот, идентитетот, традицијата, културата, да ги обезбедиш во Европа и светот, рече Ковачевски.

Опозициската ДПМНЕ не направи ништо, не го поддржа ниту договорот со ФРОНТЕКСТ ниту пак Законот за македонски јазик, додаде тој.

-А оние од опозицијата, кои великанот Коневски го нарекуваа „џуџето од Небрегово“, кои лажеа дека ќе имало асимилација и бугаризација ниту го поддржаа договорот од ФРОНТЕКСТ во Собранието ниту пак Законот за македонски јазик, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во Селце, општина Прилеп.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.