Ковачевски и Мицкоски денеска ќе седнат на иста маса, европската интеграција на земјата во фокусот на средбата

news
Advertisement

Ковачевски повикува опозициската партија да поддржи уставни измени, додека ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови го повтори ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Во меѓувреме, лидерот на партијата Мицкоски се сретна со пратеничката група и коалицијата, кои потоа излегоа со соопштение реафирмирајќи го ставот дека не поддржуваат уставни измени под овие услови
Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Клубот на пратениците ќе одржат тет-а-тет средба на која, како што информираа од владата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Advertisement

Ковачевски повикува опозициската партија да поддржи уставни измени, додека ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови го повтори ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има.

Во меѓувреме, лидерот на партијата Мицкоски се сретна со пратеничката група и коалицијата, кои потоа излегоа со соопштение реафирмирајќи го ставот дека не поддржуваат уставни измени под овие услови. Беа објавени и фотографии со потписи на сите 44 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Во пресрет на лидерската средба, Мицкоски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го потврдија ставот за неменување на Уставот

Мицкоски во интервју за „360 степени“ повтори дека тој е за предвремени избори по кои би се формирала широка влада на национално единство.

„Јас сум за влада во која ќе имаме едно широко македонско национално единство бидејќи сега сме со влада во која има сè, само нема македонско единство. Имаме премиер што нема народен легитимитет, имаме македонска, условно кажано, политичка партија којашто е малцински потчинет партнер, односно во заложништво на оние кои вистински управуваат“,

рече Мицкоски.
Мицкоски е за влада на широко македонско национално единство

Независно од исходот на лидерската средба помеѓу лидерите на власта и на опозицијата, како што изјави синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи, предлог-уставните амадмани ќе бидат доставени во Собранието бидејќи се услов за понатамошниот европски пат на земјава, но и, како што рече, најдобра формална потврда на нашата позиција во врска со односот на малцинската бугарска заедница во земјава во однос на останатите заедници.

Тој рече дека сè уште стои предлогот на маса, доколку опозицијата ги изгласа уставните измени, истиот ден да се распишат предвремени парламентарни избори.

Османи: Идејата за внесувањето на Бугарите во Уставот за првпат ја слушнав од висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ

Работната група на седница одржана пред десетина дена ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. Во Преамбулата после „… бошњачкиот народ“ се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска. Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во Амандманот 34, кој е заменет со член 49 и Амандманот 2. Во овој Амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и Амандманот 2, после „… бошњачкиот народ“ исто така се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“.

Работната група ја усвои предлог-иницијативата за уставни измени – на ред е Владата да ја проследи до Собранието

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.