На Карибите исчезна авион со петмина Германци, властите на Костарика ги нашле остатоците

news
Advertisement

Властите во Костарика известија дека денеска пронашле остатоци од авион и веруваат дека станува збор за остатоци од авионот со петмина германски патници кој изгубил контакт со контролата на летање во областа на брегот на Карибите.

Advertisement

Остатоците се лоцирани рано утринава на околу 28 километри од аеродромот Лимон, изјави заменик министерот за безбедност на Костарика. Властите се уште не ги пронашле телата или преживеаните.

Синоќа костариканските власти добиле извештај за исчезнатиот авион, изнајмен за приватен лет, кој полетал од Мексико кон аеродромот Лимон во Костарика, изјави претходно министерот за безбедност Хорхе Торес.

Тој објасни дека леталото ја изгубило комуникацијата со контролната кула недалеку од Бара де Паризмина, на неколку минути лет од Лимон.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.