ФОТО: Падна гранка врз паркиран автомобил во Карпош 4

news
Advertisement

Паркиран автомобил на ул. Разловечко востание“ во скопската населба Карпош 4 вечерва е оштетен откако врз него падна поголема гранка од дрво кое веќе е третирано, односно со исечени сите големи гранки освен оваа која се скрши.

Advertisement

Инцидентот се случи вечерва околу 20.30 часот и станарите сведочат дека слушнале силен удар, по што остатоци од скршената гранка освен врз паркираниот џип Тојота рав паднале и врз тротоарот и врз улицата. Од паднатата гранка има и скинати кабли.

Вистинска среќа е што во тој момент немало пешаци пред зградата број 5, зошто од силината на ударот од дрвото можел некој и да настрада.

Повикана е полициска екипа, а се чека и на интервенција од страна на службите на Општина Карпош откако ќе заврши увидот за настаната штета врз возилото кое има видливо оштетување врз покривот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.