Викторија Лоба открива како се менувал нејзиниот стил, кој дел од облеката ѝ е „слабост“, дали готви и зашто не јаде месо

Викторија Лоба открива како се менувал нејзиниот стил, кој дел од облеката ѝ е „слабост“, дали готви и зашто не јаде месо

news
Advertisement

Викторија Лоба открива како се менувал нејзиниот стил, кој дел од облеката ѝ е „слабост“, дали готви и зашто не јаде месо

Advertisement

Убава, топла и секогаш искрена. Викторија Лоба го обожавам минимализмот и елегантниот стил на облека, сака ретро парчиња кои се моментално во тренд и секако гламур кога сум е сцена.

Оставате впечаток на убава и уредна млада жена. За да се стекнат овие епитети потребна е желба, цврста волја или божја дарба? 

-Верувам дека пред се е инспирација која е и мотивација во мојот случај. Уште од мали години се восхитував на мојата мајка како и други прекрасни жени со стил, кои внимаваа на својот изглед што според мене е одлика на добри манири.

 Како би го дефинирале Вашиот стил на облекување? 

-Го обожавам минимализмот и елегантниот стил на облека, сакам ретро парчиња кои се моментално во тренд и секако гламур кога сум на сцена. Во мојот стил на облека сакам да ја покажувам женственоста, смелоста и леснотијата која ми е својствена на карактерот.

Колку за целокупниот гламур на жената важни се скапите и луксузни нешта? Каков е Вашиот однос кон овие нешта? 

-Не сметам дека за гламурозен изглед е потребни се исклучително скапи парчињаи луксузни брендови. Важна е добрата изработка и квалитетен материјал, додека останатото е само креативна стилизација и секако најважна е жената која го носи стајлингот да се чувствува убаво.

Тоа значи дека не сакате се што облекувате да биде гламурозно или од позната фирма?

 Не не, воопшто не сум тип кој е опседнат со гламур и брендови и т.н. , и навистина тенка е таа граница кога пренакитениот изглед постанува “кич”, доста внимавам на тоа.

Кои делови од облеката се Ваша страст? Што најмногу доминира во Вашиот ормар и во која боја?

Дефинитивно бели и крем нијанси ми се омилени, црна класика и темно црвената боја е онаа по впечатливата страна на мојот ормар. Многу сакам високи потпетици и навистина имам еден голем ормар кој е преполнет од горе до доле со високи потпетици во секаков стил и боја, тоа е мојата слабост. Секако како и повеќето жени го обожавам накитот најголемиот дел во мојата колекција е од Chapter 03.

Убавината може да биде непријател, а не сојузник кон патот до успехот. За да се успее во животот најбитни се квалитетот и вештината што ја поседува личноста. Како би ја надополниле оваа дефиниција со ваши размислувања? 

Точно е тоа дека убавината може да биде сојузник, како и непријател за остварување на таа некоја цел која е замислена, и сето тоа е поради предрасудите на општеството. Но, за среќа во денешно време има многу алатки како на пример социјалните мрежи каде секоја индивидува веќе може да се истакне и со некоја своја друга силна страна како интелект, креативност, добро воспитување, вештини и да ги побие тие стереотипи кои судат исклучиво по надворешниот изглед. 

Какво дете бевте? Дали внимававте како ќе изгледате?

-За тоа беше задолжена мојата мајка и секако поради неа бев многу симпатично и дотерано дете.

Тинејџерските години се период кога го спознаваш своето тело и почнуваш да се формираш, да бараш и експериментираш. Каков беше Вашиот стил во тој период?

– Ох, стилот варираше со секоја година. Од тотално розев орман преминав на широки фармерки и кроп топови, кожни јакни итн. И мислам дека е тоа сосема нормално, секој тинејџер си се бара себе си преку стилот на облеката.

 Имате ли стилист за настапи?

-Да, секако, најчесто стајлинзите ги смислува и изработува мојата драга другарка и исклучително талентирана дизајнерка Моника Коцарева, додека стајлингот на косата и шминката го препуштив уште од мали години на моите драги ID team. Додека за секојдневните стајлинзи сама сум одговорна, и морам да признаам тоа ми е навистина забавно.

Косата е ваш заштитен знак. Кои препарати ги имате во својата тоалетна торбичка?

-Убава, долга и здрава коса бара професионална нега. Јас не сум себична и ќе ви ја откријам мојата омилена колекција за нега на коса, тоа е Fiber Clinix на Schwarzkopf, шампон маска и спреј за оштетена коса. Исто така користам крема со заштита од топлина пред да ја стилизирам косата, тоа е Fibre Sealer исто на Schwarzkopf, и за крај масло light oil Fiber Cilnix кое дава сјај и го намалува кршењето на влакното.

Имате ли посебен однос кон храната – како израз на размислување и живеење? Дали готвите?

-Јас обожавам да готвам и морам да признаам на мојот сопруг тука му се посреќи Внимавам што јадам и сметам дека тоа е 90% заслуга за здрав изглед од внатре и однадвор. Не конзумирам месо зашто организмот не ми реагира добро на него.Но, затоа често јадам секаков вид на риба, и преферирам медитеранска исхрана.

 Како ја одржувате линијата?

-Со љубов, убави емоции и вкусна храна и секако вежбање

Каков е вашиот стил на живот?

-Едноставен и квалитетен.

Која е најбесмислената работа што сте ја купиле?

-Потпетици од 14 см.

С.А.Н

Advertisement