ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ 1 Што се случува со руските генерали? Мистериозна смрт на уште еден висок воен командант 2 Гаши: Веднаш да се гласа за уставни измени, ако нема мнозинство, да се распушти Собранието 3 Со Антониа Гиговска за мајчинството и за бракот: Со Роберт се допревме за раце и одеднаш нешто ми заигра во стомакот 4 Ковачевски лично смета дека на „Брако“ не треба да му се плати за амбулантите во Скопје додека не завршат сите правосудни постапки 5 Нова учебна година со стари проблеми ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА 1 Што се случува со руските генерали? Мистериозна смрт на уште еден висок воен командант 2 Русите тврдат дека собориле украински дрон над Белгород 3 Контраверзен план на НАТО за иднината на Украина, или личен став на одделни функционери? 4 Залужни разговарал со американски и британски партнери за поголема соработка 5 „Вагнер“ во Белорусија е регистрирана како организација за образовни услуги ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ Јовески да поднесе оставка, бара Платформата на граѓански организации за борба против корупција

news
Advertisement

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата која брои 17 членки, денеска побара оставка од Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, поради постапувањето на јавното обвинителство во врска со пожарот во тетовската модуларна болница во кој што 14 лица го загубија животот.

Advertisement

„Од изведеното во документарецот ‘Убиство во Тетово‘, истрагата на Јавното обвинителство за случајот не е целосна и не ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти, како резултат на што во јавноста се разгоруваат сомнежи за непрофесионално постапување на обвинителството и занемарување на околности кои можат да ги прошират обвиненијата и да инкриминираат други лица“, велат од Платформата за антикорупција.

Оттаму додаваат дека на ова се надоврзува и фактот што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште ги истражува наводите за корупција при спроведувањето на јавните набавки во случајот и покрај тоа што веќе е пречекорен рокот од членот 301 од ЗКП, а притоа во јавноста не се понудени никакви образложенија ниту за тоа зошто е продолжуван рокот согласно ставовите 2 и 3 од истиот член, ниту зошто и покрај ова продолжување истрагата не резултира со завршница.

Претставниците на граѓанските организации членки на Платформата доставија и официјално писмено барање за оставка на Јовески до Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ).

Што предвидува член 301 од ЗКП?

Член 301 Завршување на истражната постапка

(1) Јавниот обвинител ја завршува истражната постапка кога ќе оцени дека состојбата на работите е доволно разјаснета за да може да подигне обвинение превземено од www.pravo.org.mk или да ја запре истражната постапка. (2) Ако истражната постапка не се заврши во рок од шест месеци од денот на донесување на наредба за спроведување на истражна постапка, јавниот обвинител е должен за тоа да го извести вишиот јавен обвинител, кој во сложени предмети може овој рок да го продолжи за уште шест месеци. По исклучок, овој рок може да се продолжи уште за три месеци од страна на јавниот обвинител на Република Македонија. (3) За кривични дела од областа на организираниот криминал рокот од ставот (2) на овој член може да биде продолжен за уште шест месеци од страна на јавниот обвинител на Република Македонија. (4) Заради неправилности или одолжување на истражната постапка, осомничениот, неговиот бранител и оштетениот можат со поплака да се обратат до вишиот јавен обвинител. Во овој случај вишиот јавен обвинител ќе ги испита наводите од поплаката и доколку оцени дека тие се основани, ќе преземе соодветни мерки за завршување на истражната постапка или за отстранување на неправилностите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.