Што се случува со руските генерали? Мистериозна смрт на уште еден висок воен командант

news
Advertisement

Руските медиуми јавија за смртта на поранешниот командант на Источниот воен округ и поранешен заменик министер за одбрана на Руската Федерација, генерал-полковник Генадиј Житко.

Advertisement

Житко командуваше со вооружените сили на Руската Федерација во Украина од мај до јули 2022 година. Руските медиуми јавуваат дека информацијата за смртта на Житко ја соопштил преку социјалната мрежа Телеграм, гувернерот на Хабаровск, Михаил Дегтјарев

Житко, наводно, починал во Москва по долго боледување.

Во 2016 година Житко командуваше со силите на руската армија во Сирија. Две години подоцна, тој стана командант на Источниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација. Од ноември 2021 година до јули 2022 година, Житко беше заменик министер за одбрана – началник на главниот воено-политички оддел на руската армија.

На почетокот на јуни 2023 година, беше објавено дека Житко е назначен за командант на сите руски воени сили во Украина, заменувајќи го генералот Дворников на таа позиција.

Набрзо бил сменет, а причината за неговата смрт останува мистерија.

Генерал Житко е уште еден во низата високи руски функционери кои загинаа под мистериозни околности од почетокот на војната во Украина

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.