ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ 1 Што се случува со руските генерали? Мистериозна смрт на уште еден висок воен командант 2 Гаши: Веднаш да се гласа за уставни измени, ако нема мнозинство, да се распушти Собранието 3 Со Антониа Гиговска за мајчинството и за бракот: Со Роберт се допревме за раце и одеднаш нешто ми заигра во стомакот 4 Ковачевски лично смета дека на „Брако“ не треба да му се плати за амбулантите во Скопје додека не завршат сите правосудни постапки 5 Нова учебна година со стари проблеми ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА 1 Според Столтенберг, нема промени во руските нуклеарни сили 2 Што се случува со руските генерали? Мистериозна смрт на уште еден висок воен командант 3 Русите тврдат дека собориле украински дрон над Белгород 4 Контраверзен план на НАТО за иднината на Украина, или личен став на одделни функционери? 5 Залужни разговарал со американски и британски партнери за поголема соработка ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ Маричиќ за уставните измени: Не е време за популизам, блокадите од опозицијата носат изолација

news
Advertisement

Сега е време да се покаже на дело дали навистина ѝ сакаме добро на државата и сакаме да ја оствариме целта – до 2030 година Северна Македонија членка на ЕУ, порачува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ пред утрешната собраниска седница за уставните измени.

Advertisement

– Бегањето од носење државнички одлуки и неучествување во најважниот национален процес само го отежнува и забавува напредокот на државата и нè оддалечува од европската перспектива. Доколку опозицијата не стане проактивна и не даде поддршка за уставните надополнувања исходот е јасен, тука застануваме и повторно заглавуваме во чекалната на ЕУ. А тоа не носи добро никому и не треба да биде ова цел на никој, поради кои било причини, а најмалку политички, истакна Маричиќ.

Според него, земјата сега е во фаза кога е членството во ЕУ е на дофат и тоа до крајот на декадата. Тоа, вели, е шанса која не се пропушта.

– Сега треба да е целта на сите да останеме на европскиот пат и да ја впишеме Северна Македонија во новиот пакет за проширување во којшто ќе бидат Украина, Молдавија, Грузија и држави од Западен Балкан. Затоа уставните измени мора да се случат до крајот на ноември, да останеме во процесот и да обезбедиме континуитет на преговорите со ЕУ.

Колку подолго сме надвор од процесот, толку полошо за економијата, за целокупната клима во државата и толку повеќе млади ќе ја напуштаат државата. Тоа понатаму ќе ја слабее довербата во институциите и ќе биде закана за стабилноста и просперитетот на државата, а тоа сум сигурен дека никој не го посакува и затоа верувам дека ќе успееме да ги завршиме заеднички обврските кои ги имаме на патот до членството во ЕУ – вели Маричиќ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.