Приведен дилер од скопско за издржување казна затвор од шест години

news
Advertisement

Полицијата го приведе дваесет и шест годишниот О.Е од село Крушопек за издржување казна затвор од шест години.Тој бил баран по централна потерница поради пуштање во промет на наркотици.

Advertisement

„Денеска (17.08.2023) во 12.30 часот на ул.„Ѓорче Петров” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров го лишиле од слобода О.Е.(26) од село Крушопек, скопско. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.