Ковачевски: Во Собранието имаме пратеник од УДБА, изградил кариера државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со соседите

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека во нашето Собрание се уште има пратеник кој доаѓа од редовите на поранешната УДБА и додаде дека не очекува тој да сака да ја види државава во Европска Унија.

Advertisement

„Тој изградил кариера државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи. Од него не може да се очекува да ја носи државата во ЕУ. Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари кои виделе што сакаат новите генерации. Нашите млади сакаат да работат во ЕУ заради поголем стандард, подобро социјално осигурување, подобро владеење на демократијата. Тие сакаат да имаат коридори и патишта“, порача Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.