Колку профит направија “најуспешните” извршителки лани

news
Advertisement

Извршителите, како што веќе пишуваше порталот Пари, минатата година успеале да наплатат над 145 милиони евра долгови од граѓаните, од фирмите и од државата. За тоа 98 извршители, колку што ги има во државава, си реализирале чист профит од околу 4 милиони евра. Но, првите 10, со вкупна добивка од околу 1,17 милиони евра, во колачот учествуваат со нешто над 29 проценти, покажува анализата на Пари.

Advertisement

Според списокот на Комората на извршители, бројот на жени и на мажи кои ја работат оваа професија е речиси идентичен – има 48 жени извршителки и 50 мажи извршители. Но, кога се во прашање профитите, жените се поуспешни, па така во првите 10 извршители по добивка, само еден е маж. Деветте најмоќни извршителки минатата година успеале да направат чист профит од речиси 1 милион евра!На чело на листата, според годишните извештаи, е скопската извршителка Весна Деловска, која има чиста добивка од 150.000 евра. Воедно, таа има примено најголем број – 8.960 извршни барања во 2022 година, а од нив реализирала само 190, но заедно со примените барања од претходниот период, вкупниот број реализирани извршни барања бил 802.

Следи битолчанката Николина Иванова, со околу 140.000 евра добивка. Таа во периодот од 1 јануари до 31 декември минатата година имала 1.693 барања за извршувања, од нив реализирала 383, а во текот на годината заедно со заостанатите барања, вкупната реализација била 597 предмети.

На третото место е Премтим Ќерими од Куманово. Профит од 127.000 евра му донела реализацијата на вкупно 517 извршни барања во 2022 година. Инаку, лани тој примил 1.593 извршни барања, а од нив реализирал само 166.

Четврта на листата е Катерина Кокина, која направила профит од 124.000 евра. Таа лани примила 3.587 барања за извршувања, од нив реализирала 819, а заедно со старите барања бројот на завршени предмети во текот на минатата година бил 1.460.

Петорката се заокружува со Гордана Џутеска од Струга и добивката од 119.000 илјади евра. Таа примила 2.142 брања за извршување, од нив реализирала 395, а вкупниот број реализирани извршни исправи за цела ланска година бил 1.152.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.