Владата ги чека понудите за гас и мазут од фирмите чии контакти ги даде Мицкоски

news
Advertisement

Имавме средба со тројца граѓани на Србија и тројца на Босна и Херцеговина, ги кажавме нашите потреби за гас и мазут, се договоривме за некоја базична деловна соработка и ги чекаме конкретните понуди, со цени, рокови на испорака, банкарски гаранции… За ова денеска брифираа владини претставници за контактите дадени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Владините претставници, по притисокот од новинарите рекоа дека се работи за компанијата ПГО од Швајцарија.

Advertisement

Мицкоски на членови на Економскиот совет на Владата им предал неколку негови лични контакти на компании и поединци за кои тврдеше дека можат да дадат поповолни понуди за енергенси за Македонија за пребродување на енергетската криза.

Владини претставници денеска информираа дека средбата со контактите на Мицкоски, тројца српски и тројца граѓани на БиХ, се одржала во Белград и било договорено да се испратат конкретни понуди.

Компанијата ПГО е регистрирана во Цирих со основна дејност трговија со нафта и нафтени деривати. Компанијата и порано нудела енергенси на македонскиот пазар.

Македонските претставници, меѓу кои бил министерот за економија Крешник Бектеши, побарале околу 230 милиони нормални метри кубни, со рокови на испорака и цена – фиксна или варијабилна.

Од ЕСМ велат дека тие во моментов ги очекуваат понудите за гас за ноември и дека досега добиле понуда само од Макптерол, а деновиве очекуваат понуди од уште 2-3 компании.

ЕСМ се надева дека ќе обезбеди гас не само за работа на скопските топлани, туку и за вклучување на процесот на работа на ТЕ-ТО. Оваа когенеративна централа во овој период не работи и неизвесно е дали ќе работи и во наредниот период.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.