Официјално: Карим Бензема ја освои „Златната топка“

news
Advertisement

Французинот Карим Бензема е освојувач на „Златната топка“, која се доделува на најдобриот фудбалерна светот, за 2022 година.

Advertisement

Напаѓачот на Реал Мадрид важеше за голем фаворит пред доделувањето на наградата во Париз, а малкумина беа изненадени кога тоа заврши во неговите раце.

Во претходната сезона постигна 44 гола и имаше 15 асистенции на само 46 натпревари и стана петтиот Французин во историјата кој го добил ова признание.

Еден од најзаслужните за 14 титула на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а за неговите настапи во нокаут фазата од континенталното натпреварување ќе се зборува уште долго, особено за хет-трикот против ПСЖ и Челси. Тој беше и најдобар стрелец на тоа натпреварување со 15 голови.

На второто место во изборот се најде Садио Мане, екс играч на Ливерпул, сега ги брани боите на Баерн Минхен, а на третата позиција се најде членот на Манчестер сити, Кевин де Брујне.

Инаку Сане ја доби инаугуративната награда „Сократес“, која се доделува за придонес во општеството. Напаѓачот на баварскиот гигант е познат по својата хуманитарна работа во Сенегал.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.