Владата пресече – се замрзнува цената на лебот, големите компании остануваат без субвенционирана струја

news
Advertisement

Дали ќе дојде време кога ќе треба да се засукаат ракавите и да се меси леб? Владата возврати на пекарите дека сепак граѓаните ќе јадат леб со замрзната цена од 33 денари до 31 мај годинава.

Advertisement

Субвенци за, како што претходно рече Бектеши воените профитери, нема да има, на бизнисот им порача да си се снаоѓаат на регулираниот пазар.

Граѓаните со кои порагзоваравме соп оделени мислења, едни сметаат дека Владата направи добар потег, други дека треба да им с епомогне на компаниите.

Пекарската индустрија денеска посочи дека ќе донесат заедничка одлука со останатите засегнати страни и ќе излезат во јавност со сопствен став откако одлуката ќе биде обајвена во Службен весник. Вчера пекарите рекоа дека ќе ги „изгасат печките“ и ќе престанат со производство на леб доколку им се укине субвенцијата. Од владата велат дека цената од 33 денари најчесто се злоупотребува во Скопје.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.