Владата ја ограничи маржата за трговија со струја на 10%

news
Advertisement

Владата денеска донесе одлука за посебни услови за трговија на одделна стока, според која се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата на пазарот со електрична енергија. Највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10%.

Advertisement

Трговската маржа ќе се пресметува на просечната цена на електрична енергија за мегават час од унгарската берза за електрична енергија (HUPX) на дневно односно часовно ниво, на цената на електрична енергија за мегават час во билатералните договори и цената на електрична енергија во договорите за снабдување со електрична енергија.

Највисоката трговска маржа до 10% ќе се применува до 15 април 2023 година.
Одлуката се донесува за да се заштити од нарушување домашниот пазар и да се избегне злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки и на предлог на Министерството за економија потребно е да почне да се применува пред почнување на грејната сезона./m.mkd.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.