Владата ќе бара помош од Брисел за проблемот со кучињата

news
Advertisement

Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар за бездомните кучиња, најави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање, иако, како што дополни, се работи за проблем под ингеренции на локалните власти.

Advertisement

Притоа, тој нагласи дека проблемот е голем, и дополни дека не се работи за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.

„Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар којшто ќе може да биде некаков државен проект, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем. Бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него“, изјави премиерот.

Најавата доаѓа откако човек со пушка во Струга уби десетина улични кучиња, што предизвика остри дебати на социјалните мрежи. Инаку, проблем со голем број улични кучиња има во голем дел од македонските општини, кој како минува времето, само се зголемува.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.