Таравари ги потсетува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Македонија еднаш избираше претседател во Собрание, зошто да не го повториме!

news
Advertisement

Таравари ги потсетува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Македонија еднаш избираше претседател во Собрание, зошто да не го повториме – пренесува порталот на албански јазик nmk-post.com.

Advertisement

Глас на Америка: Едно од вашите барања е во иднина да се избира претседател на државата во Собранието. Против овој предлог се ЛСДМ и ВМРО-ДПМНЕ. Зошто ви е ова важно и со кого би коалицирала Алијансата за Албанците?

Арбен Таравари: Видете како прв претседател во Македонија, ако се сеќавате на 90, 91 година, ако не се лажам, беше избран господинот Киро Глигоров и првпат беше избран од Собранието. Мислам дека овластувањата на претседателот на државата се исти како и во некои околни држави. Често правиме споредби со Косово или Албанија, кои имаат систем сличен на нашиот, парламентарен систем. Мислам дека на државата не и треба трошење, претседателот може да се бира преку Собрание, како што направивме првпат и нашиот став е (затоа што) не сме претседателски систем, туку сме парламентарна демократија, мислам дека ќе рационализира (со) договор меѓу политичките партии кои се застапени во парламентот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.