Влатко Стефановски им порачува на младите да веруваат во себе и во својот сон

news
Advertisement

Познатиот македонски музичар Влатко Стефановски неодамна стана бренд-амбасадор на Шпаркасе Банка и дел од пошироката регионална кампања „Верувај во себе“ што ја спроведуваат членките на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе.

Advertisement

Како вонсериски изведувач што веќе со децении ја воодушевува балканската публика со своите маестрални музички дела, Влатко Стефановски вели дека во оваа кампања препознал можност да им пренесе силна порака и да ги охрабри младите луѓе да веруваат во себе и во исполнувањето на своите замисли и идеи.

“Кога веруваш во себе, тоа се гледа и се слуша на сцена. Кога веруваш во себе, возбудата од она што го носиш како талент, можеш да им ја пренесеш на другите, особено на помладите што ја носат истата енергија и жар. Во кампањата ‘Верувај во себе’ на Шпаркасе Банка, јас препознав можност да им ја пренесам оваа порака на многу млади луѓе што сонуваат и имаат идеи“ – вели Стефановски.

Неговата порака во целост се совпаѓа со заложбите на Шпаркасе Банка, која важи за лидер на полето на општествената одговорност и иновативното претприемништво, со посебен акцент на поддршката на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во нашата земја.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.