ВМЕТНУВАЊЕТО НА „СЕВЕРНА“ ВО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ ЌЕ ИМ ГИ ПРАЗНИ ЏЕБОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ Едно тричлено семејство ќе треба да издвои околу 200 евра

news
Advertisement

Замената на личната карта, пасошот и на сообраќајната дозвола по човек чини околу 2.200 денари, и дополнително секој што има возило ќе треба да доплати уште 1.250 денари за регистарската табличка по возило. Тоа значи дека граѓанин кој има една кола и треба да ги замени сите лични документи годинава ќе треба да издвои вкупно повеќе од 4.000 денари.

Advertisement

Граѓаните кои не успеале досега да ги заменат личните документи со новото уставно име на државата (Република Северна Македонија) имаат рок тоа да го направат до февруари следната година и тоа да го платат од свој џеб.

Тие бараат да се пролонгира рокот или да им се субвенционира постапката бидејќи во услови на криза и високи цени на храната не се во состојба да го поднесат и овој трошок.

Колку чини замената на сите лични документи?
Замената на личната карта, пасошот и на сообраќајната дозвола по човек чини околу 2.200 денари, и дополнително секој што има возило ќе треба да доплати уште 1.250 денари за регистарската табличка по возило. Тоа значи дека граѓанин кој има една кола и треба да ги замени сите лични документи годинава ќе треба да издвои вкупно повеќе од 4.000 денари. Ако на ова се додаде и замената на изводот од матичната книга на родените и уверението за државјанство, тогаш износот се зголемува уште за 500 денари.

Семејствата со повеќе членови ќе треба да издвојат добра сума за да ги заменат личните документи на сите членови на семејството.

Ова се цените на услугите:

Лична карта

Уплатница 190 денари
Патна исправа (пасош)

За деца до 4 години (1.500 денари за образецот, 100 денари административна такса) – вкупно 1.600 денари,
За деца од 4 до 18 години (1.500 денари за образецот, 200 денари административна такса) – вкупно 1.700 денари.
За млади од 18 до 27 години (1.500 денари за образецот, 200 денари административна такса) – вкупно 1700 денари,
За лица над 27 години (1.500 денари за образецот, 300 денари административна такса) – вкупно 1.800 денари,
Има можност пасош да се вади по итна постапка и тоа поединечно чини (4.500 денари за образецот, 300 денари административна такса) – вкупно 4.800 денари,
Доколку се вади замена поради изгубен пасош се доплаќа уште 75 денари.
Возачка дозвола

Во редовна постапка (280 денари за образецот, 110 денари административна такса) – вкупно 390 денари,
Ако дозволата е неважечка (280 денари за образецот, 170 денари административна такса) – вкупно 450 денари,
Возачка дозвола во итна постапка (840 денари за образецот, 110 денари административна такса) – вкупно 950,
Сообраќајна дозвола (200 денари за образецот, 110 денари административна такса)-вкупно 250 денари,
Регистарски таблици за моторно возило (1.200 денари за образецот, 50 денари административна такса)-вкупно 1250 денари
Уверение за државјанство

уплата за уверение за државјанство (100 денари за образец, административна такса 50 денари) – вкупно 150 денари

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.