БИК МАВАЛ СОПРУЖНИЦИ ВО ДЕЛЧЕВСКО: Имаме траума, 45 минути како да бевме во Шпанија

news
Advertisement

Бик бркал сопружници во село близу Делчево, по што тие го пријавиле настанот во полиција, а најавија и тужби.

Advertisement

„Во понеделник во 15.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во нива на место викано „Низамски ниви“ во с.Град, делчевско, С.С. и неговата сопруга Ј.С. биле нападнати од бик, сопственост на соселанецот М.С., при што биле направени оштетувања на овоштарникот и на нивното возило. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево, при што се работи на комплетирање на случајот, а против М.С. е поднесена соодветна пријава“, се наведува во пријавата поднесена до делчевската полиција.

Се јави газдата на бикот кој нападна брачен пар и оштети автомобил.

Младиот сточар Марјан Стојов од делчевското село Град е еден од ретките кој одгледува повеќе грла добиток.

Сопственикот потврди дека откако е известен, заедно со полицијата излегле на лице местото каде се случил немилиот настан. Не отфрла одговорност и посочува дека полицијата е таа која треба да открие дали има прекршок.

„Ако има некој прекршок нека ме гонат, ако оштетените ако имаат штета исто така нека ме гонат прекршочно. Јас ако сум виновен ќе одговарам, но како што кажав за однесувањето на самиот бик имам сведоци од Илиово до Истевник. Не барам од никој привилегии ни врски, само сакам нека да дојдат сите во судот и да ја кажат како се однесувал бикот, дали бил агресивен или не“, додава Стојов.

За МИА луѓето кои се оштетени велат дека претрпеле траума.
„Тоа што се случи е голема траума за мене и сопругата, 45 минути како да бевме во Шпанија“, вели човекот кого бикот го мавал.

Тој додава дека бикот е опасен за луѓето и стравува дека ќе се случи немил настан.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.