ВМРО-ДПМНЕ ги осудува навредите на Џамбаски

news
Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува, како што вели, негаторските и асимилаторски пароли искажани денес среде Скопје при панихидата на Мара Бунева.

Advertisement

Најголемата опозициска партија очекува реакција од државните институции по повод ваквите изјави.

-Џамбаски е дијагнозата со која СДС и Ковачевски ја донесоа во Македонија со својата безлична и предавничка политика. За да им поминуваат криминалите, СДС и ДУИ се попустливи кон секој кој има аспирации кон Македонија, порачаа од „Белата палата“.

Денес стотина Бугари од Македонија, но и дојдени државјани од Бугарија, беа дел од одбележувањето на 95-годишнината од смртта на револуционерката Мара Бунева.

Присутните скандираа „Тодор Александров“, „Иван Михајлов “, „Мара Бунева“, „Цар Борис“, „Мизија, Тракија, Македонија“ и „Бугари јунаци“, со знамиња на ВМРО и ликовите на Мара Бунева, Тодор Александров, Борис Дрангов, носејќи и транспаренти со натписите „ВМРО-права за македонските Бугари“ и „Културен центар Иван Михајлов“.

„Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија“, рече меѓу другото европратеникот и копретседавач на ВМРО-БНД, Ангел Џамбазки при полагањето цвеќе на споменик-плочата на Бунева на кејот на вардар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.