ВМРО-ДПМНЕ: Груби кажува лаги, ако имаат пратеници за уставни измени веднаш нека ги стават на дневен ред

news
Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ со реакција по повод изјавата на Артан Груби дадена денеска дека се преговара и со пратеници од опозицијата за уставни измени. Груби кажа дека уставните измени мора да се случат.

Advertisement

„Соочени со секојдневните неуспеси и порази на секое поле, владата на Ковачевски се обидува очајно да направи дефокус . Тоа што нема учебници во образованието, тоа што Македонија има највисока стапка на инфлација и најниска стапка на економски раст. Тоа што се до гуша заглавени во криминал, се обидуваат да го покријат со лажни вести.
Редот да шири лаги денес му е на Артан Груби.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта ако имаат пратеници за уставни измени, што се докажа дека немаат, еве наредната недела нека ги стават на дневен ред. Во спротивно веднаш да си поднесе оставка Ковачевски.
Прашањето за уставни измени не е прашање дали сме за или против Европска Унија, туку дали сме за или против идентитетско обезличување и прифаќање на бугарските ултиматуми. “, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.