ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Макрон и Шарл Мишел се потврда дека нема гаранции за патот на Македонија кон ЕУ

news
Advertisement

„Од една страна ја имаме оваа изјава (на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел н.з.), а од друга страна ја имаме изјавата на Макрон кој вели дека Европската Унија прво треба да се реформира, па потоа да прима нови членки и ова е само потврда за она што го говориме – дека нема апсолутно никакви гаранции и дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон Европската Унија. Грешката на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги исполни“, изјави денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на прашања од медиумите
Ставајќи ги во два спротивставени агли, ВМРО-ДПМНЕ денеска го кажа својот став во врска со изјавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и онаа на претседателот на Франција, Емануел Макрон, во однос на проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, меѓу кои и С Македонија.

Advertisement

Имено, претседателот на Европскиот совет во своето обраќање на Бледскиот стратешки форум во Словенија порача дека до 2030 година, двете страни – ЕУ и земјите кандидатки – мора да бидат подготвени за ново проширување на Европската Унија.

Истиот ден францускиот претседател Емануел Макрон од годишниот состанок со француските амбасадори, пак, порача дека Европската Унија треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“ за да се справи со проширувањето, пренесе „Дојче веле“. Неговиот став е дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови нации и да изгради консензус со повеќе од 30 змеји членки.

Партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ го пренесе портпаролката Марија Митева одговарајќи на прашања од медиуми во врска со двете изјави. Во однос на говорот на Мишел, дел од прашањето упатено до ВМРО-ДПМНЕ беше и дали тој може да смени нешто во однос на ставот на партијата по прашањето за уставните измени.

„Од една страна ја имаме оваа изјава (на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел н.з.), а од друга страна ја имаме изјавата на Макрон кој вели дека Европската Унија прво треба да се реформира, па потоа да прима нови членки и ова е само потврда за она што го говориме дека нема апсолутно никакви гаранции и дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон Европската Унија. Грешката на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги исполни“,рече Митева.

Францускиот претседател Макрон вчера не објасни како ќе функционира Европа со повеќе брзини, но рече оти е ризично „да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи“.

„Можам да посведочам дека на Европа ѝ е доволно тешко, да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членки нема да биде полесно. Ќе ни треба смелост да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со повеќе брзини“,рече Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори, пренесе „Дојче веле“.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вчера во својот говор се осврна и на ставовите на францускиот претседател велејќи дека се согласува со него оти би било фундаментална грешка ако ЕУ не се реформира пред следното проширување.

„Да бидеме искрени, понекогаш го користевме недостатокот на напредок на идните земји членки за да избегнеме да се соочиме со сопствената подготвеност. Сега мора сериозно да го разгледаме капацитетот на ЕУ да апсорбира нови членки. Оваа идеја понекогаш е погрешно сфатена како скриена пречка за пристапување“,рече Мишел.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваат на самитот во Блед, во изјава за МИА го оцени говорот на претседателот на Европскиот совет како сериозна пресвртница во политиката на ЕУ кон проширувањето.

Според Маричиќ, првпат по претходното проширување државите кандидатки имаат временска одредница која официјално лице на ЕУ ја поставува како можен термин за наредно проширување.

Прашан за коментар на делот од говорот на Мишел, каде што претседателот на Европскиот совет вели дека и самата ЕУ ќе треба да се приспособи, Маричиќ вели дека тоа ја истакнува двонасочноста на процесот.

„Тоа е двонасочен процес. Процесот на пристапување бара трансформација кај државите кандидатки, но исто така и приспособување на Европската Унија кон прифаќање на нови членки. Ова повторно произлегува од научените лекции од големото проширување од 2004 година кога со 10 нови членки Европската Унија потешко функционираше од претходно. Бидејќи некои држави како Франција, Холандија, Данска бараат реформи на ЕУ пред новото проширување, сигналот од Шарл Мишел јас го сфаќам како порака тие процеси да течат паралелно за да не се губи време. Реформите во ЕУ и реформите за проширување кај државите членки да течат паралелно и тој процес да се соедини во 2030 година“,изјави Маричиќ од Блед.

Ставот на Мишел од владејачката СДСМ денеска го пречекаа како силен политички сигнал за ново проширување во 2030 година и повторно ја повикаа опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека е време да се донесат државнички одлуки, во контекст на уставните измени.

„Овој многу важен сигнал од ЕУ ние мора да го искористиме. За нас како држава која ги започна преговорите и која го привршува скринингот е дополнителна причина зошто не смееме да ја пропуштиме оваа шанса. Обидите за блокади на ДПМНЕ не смееме да дозволиме да се случат. Не смееме самите да се блокираме на патот кон ЕУ. Затоа е потребно е да донесеме важни, државнички одлуки за промена на Уставот и да продолжиме без натамошни пречки во ЕУ. Не се точни, односно лажни се тезите на ДПМНЕ и Мицкоски дека ќе имало нови барања за нови промени на уставот. Јасно е се дефинирано во Преговарачката рамка, со одлуката за уставните измени ние го продолжуваме европскиот пат а тоа е потврдено од сите 27 земји членки на ЕУ“, порача денеска пратеникот во Собранието и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.