ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаa против дневниот ред за уставни измени

news
Advertisement

При гласањето на дневниот ред на денешната седница, можеше да се забележи дека нема двотретинско мнозинство за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

Advertisement

За усвојување на дневниот ред гласаа 70 пратеници, додека против беа сите 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи.

Откако дневниот ред беше усвоен пред пратениците обраќање има премиерот Димитар Ковачевски кој дава образложение на предлогот за уставни измени.

По неговото обраќање ќе почне постапката за уставните измени која треба да помине низ три фази.

Во првата фаза, Собранието со двотретинско мнозинство, носи одлука за пристапување кон измена на Уставот. Втората е фаза на утврдување на нацрт-амандманите и за тоа е доволно мнозинство од вкупниот број пратеници или 61 глас. Третата финална фаза е усвојување на амандманите и за тоа повторно е неопходно двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.