ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно со политички препукувања – Калајџиев: Какви се тие адвокати кои повикуваат на линч

news
Advertisement

Како е можно возилото неконтролирано да помине низ најобезбедуваната локација во Македонија, а можеби и во регионот поради непосредните подготовки на Советот на ОБСЕ, прашаа денеска од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

„Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис? Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден Град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот? Конечно, дали возилото е забележано на камерите кобниот ден на 27 ноември во 7:42 наутро кај Александар Палас и Злокуќани и како е можно да тоа возило неконтролирано да помине низ најобезбедуваната локација во Македонија во тој момент, а можеби и во регионот поради непосредните подготовки на Советот на ОБСЕ.“, изјави Ковачки.

Од СДСМ возвратија дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ постојано ја поткопува истрагата.

„Ковачки е познат манипулатор, неколкупати фатен како шири лажни вести, последниот пат за самитот на ОБСЕ. Очигледно обидите за маниупалација, поткопување на истрагата, изопачената потреба да го злоупотребуваат случајот со смртта на Вања е поради средбите на Мицкоски со Палески за кои се молчи. Јавноста многу добро знае дека радикалните ставови на Палески беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити.“, вели Дарко Каевски.

Професорот Горан Калајџиев реагира на друштвените мрежи што голем број на граѓани, за како што вели, иако се работи за големо злосторство, истураат јавно големи количини на бес и гнев кон осомничените за убиството на Вања.

„Колку и да е страшен злочинот, ништо помалку загрижувачки не се реакциите на власта и на јавноста; не сум знаел колку многу сурови луѓе има во нашата близина на кои тагата им е само изговор за стравот, бесот и крволочноста што ја истураат наоколу. Живееме во некоја модерна форма на примитивна заедница на цивилизациското ниво кое нема разбирање за устав и закони и после не не примале во Европа…Адвокатската комора треба да преиспита какви се тие адвокати кои се меѓу првите што газат врз законите и повикуваат на линч.“, изјави Калајџиев.

Главниот осомничен за убиствата на ученичката Вања и на пензионерот Жежовски е Љупчо Палевски. Тој беше уапсен во Турција, а Јавното обвинителство по брза постапка испрати барање до турските власти за негова екстрадиција во земјава. Кривична доби и Стефан Димковски за помагање, бидејќи со возило го однел главниот осомничен од Белград до Баликесир во Турција. Димковски беше уапсен при преминување на грчко-македонската граница.

Во притвор се веќе четворицата осомничени за киднапирањето и убиството, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски овие осомничени за случајот ќе ги стапува адвокат одреден по службена должност.

Извор. https://mk.tv21.tv/vmro-dpmne-i-sdsm-povtorno-so-politichki-prepukuvana-kalajdhiev-kakvi-se-tie-advokati-koi-povikuvaat-na-linch/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.