ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е директно одгoворен за случајот на Онкологија, не презел ништо

news
Advertisement

-Скандалот на Клиниката за онкологија не е од вчера. Се предупредуваше, но им требаше многу време на надлежните да реагираат. Пропустите, несоодветното работење на членовите на Владата на СДСМ и ДУИ има висока цена, цената се плаќа со човечки животи, соопшти утрово опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Според ВМРО-ДПМНЕ со овој скандал најбрутално се погазени човековите права и вредности во здравствената заштита.

-Покрај ресорниот министер директно се одговорни и првиот човек на Владата и Владата во целина. Зошто? Затоа што член 30 од Закон за Влада вели: Владата врши надзор над работата на министерствата и другите органи на државната управа и управните организации. Оттука, јасно е дека власта не презела ништо! Непостапувањето носи директна одговорност на Владата на СДСМ и ДУИ и на Димитар Ковачевски и одговорните за скандалот имаат име и презиме, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија Ковачевски како премиер е лично одговорен, бидејќи не презел ништо, а е одговорен за работа на министрите во конкретниов случај министрите за здравството.

-Одговорни се Беким Сали и Фатмир Меџити. Одговорни се и Венко Филипче и Арбен Таравари. Дополнително, постои сомнеж дека обвинителството предводено од Љубомир Јовески или Ислам Абази нема да спроведат ништо во насока на откривање на вистинските виновници. Или едниот чека власта да го избере за уставен судија, а на другиот цела јавност виде дека на врат му е цела партија. Одговорните имаат име и презиме, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ вклучените во овој скандал треба да одговараат политички, но и кривично.

-Мора да има разрешница и да се стави крај на расипничкото владеење кое чини човечки животи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.