Густ црн чад над Дрисла, граѓани стравуваат дека можно е да гори канцероген отпад, ЦУК вели пожари нема

news
Advertisement

Густ и црн чад ги вознемири граѓаните утрово. Според Сених Брaховиќ од здружението „Младината на Батинци“ кој објавија видео на социјалните мрежи, се гледа чад кај депонијата Дрисла, а граѓаните стравуваат дека се работи за горење на медицински отпад кој може да е канцероген.

Advertisement

Официјалните информации од Центарот за управување со кризи се дека активни пожари во државава нема, а дека има чадење кај Дрисла. Се чекаат повеќе детали од надлежните.

Браховиќ вели дека чадот оди кон Батинци, Драчево, Лисиче и Аеродром. Тој ги повика надлежните да проверат дали овде се пали нешто што инспекцијата не треба да го види, можеби медицински отпад.

„Луѓето се исплашени, ако продолжи да гори ќе го повикаме народот да замине кон Китка за да се спаси од канцероген чад“, вели тој во видеото.

Жители на големото скопско мултиетнилчко село Батинци пред десетина дена протестираа пред депонијата Дрисла, која се наоѓа во атарот на нивното село, со барање депонијата да се осовремени или затвори бидејќи, како што велат, отровна смрдеа доаѓа до нивните домови и животот им го прави неподнослив.

Протестот беше организиран од граѓанската иницијатива „Младината на Батинци“, a протестираа над сто жители на повеќеилјадното село, како и од други места во Општина Студеничани, па и од Драчево.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.