ВМРО- ДПМНЕ обвинува: 123 функционери од СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра

news
Advertisement

Државни функционери, претседатели на комисии, директори и раководни луѓе на институции и партиски функционери на СДСМ и ДУИ, вкупно 123 на број кријат имот од 30 милиони евра, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ која со денови ја најавува аферата „Тајни имоти“.

Advertisement

Прес конференцијата за оваа, како што рекоа, нова афера на власта, ја одржа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој тврди дека поседуваат детални податоци дека овие функционери поседуваат куќи, станови, викендици, деловни простории кои се сокриени од очите на јавноста.

Поголемиот дел од нив се директно поставени од владата и се функционери во партиите од власта. Пет години власт на СДС, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра.
Новата афера тајни имоти е уште еден показател како власта функционира надвор од законите, заштитувајќи ги прекршителите на истите кој во овој случај се избрани и именувани функционери, а чија обврска е да служат на граѓаните на Македонија, рече Петрушевски.

Според него, овие имоти се тајни и не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупцијата и оваа институција ја прогласи за соучесник во криминал.

-Институциите кои се формирани за оваа цели како Државната комисија за спречување на корупцијата се сочуесници во шемата којашто ја креира власта и се нивни заштитиници. Сметаме дека се работи за ново злосторничко здружување и организирано криење на имот, изјави Петрушевски.

Тој објаснуваше дека оваа Комисија е должна да врши проверка и евиденција на имотот пријавен во анкетините листови на функционерите, а функционерите да го поднесат имотот до ДКСК во рок од 30 дена од именувањето.

Во овој случај кој го обелоденија законскиот рок од 30 дена бил пробиен, а од она што можеше да се разбере овие функционери или не го пријавиле имотот во дадениот рок, или имале имот на сопствено име, а не го пријавиле или пак сопствениот имот го пријавиле на име на други лица од семејството.

Сепак Петрушевски не соопшти ниту едно име и им даде рок на институциите од 24 часа да се изјаснат за овие лица и најавија дека доколку ДКСК сама не ги каже кои се тие функционери, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објавува еден по еден со име и презиме и сите детали за нивниот скриен имот, но и ќе бараат одговори за нивното потекло.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.