ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одговара во името на Арсовска, наводите за тајна средба со Ковачевски имаат основа

news
Advertisement

Тоа што СДС одговара во име на Данела Арсовска, потврдува дека наводите за тајна средба Арсовска Ковачевски имаат основа“, велат попладнево од ВМРО-ДПМНЕ, по соопштението од СДСМ, во кое владејачката партија демантира дека нејзиниот лидер, премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар, Миле Зечевиќ, неделава тајно се сретнале со скопската градоначалничка. „За неполни 48 часа, во време на инфлација и енергетска криза, клептоманската СДС плати и ѝ подари билборди на Арсовска само за да се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ, потоа оддржува прес-конференции за сомнеж за криминал кој го прави Данела Арсовска и кој неосновано се препишува на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека клептоманската СДС ја „црпна” Арсовска да биде новото лице во уценетата и новоформирана коалиција која одработува за својата слобода пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ“, велат од опозициската партија.

Advertisement

За ВМРО-ДПМНЕ единствен противник е власта која ќе ја смениме и која ја одведе во пропаст Македонија, се додава во соопштението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.