ВМРО-ДПМНЕ собира потписи за референдумот – ниту една од партиите во Собранието не ја поддржуваат иницијативата

news
Advertisement

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска со повик да се поддржи референдумот за поништување на Договорот со Бугарија. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите рече дека од утре ќе се почне со собирање потписи за одржување референдум. И координаторот на пратеничката група Никола Мицевски ја образложи одлуката на Извршниот комитет на партијата која беше донесена на вчерашната седница. Оваа иницијатива е целосно европска бидејќи се спротивставува на негаторските политики и постапки на Бугарија во однос на македонскиот јазик, култура и идентитет, рече Мицевски.  

Advertisement

„Ја повикуваме целата македонска јавноста, експертите, политичките партии, граѓанските организации, граѓаните во целост да се приклучат кон иницијативата и да го поддржат Референдумот. Ги повикуваме Социјалдемократскиот сојуз да не тактизираат со народната волја и да покажат минимум демократски капацитет и да повикаат на излезност на Референдумот“, повика координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Од СДСМ одговорија дека референдумот е против Европската унија, против македонскиот јазик и идентитет и дека нема да успее. Откако пропаднаа сите обиди на Мицкоски за дестабилизација на државата, Мицкоски измислува нови форми за нови блокади изјави Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

„Оваа иницијатива на Мицкоски е референдум против членството во Европската унија, против македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Иницијативата е за негова внатрешна употреба која нема поддршка од граѓаните нема поддршка од опозициските партии и нема да успее. Иако Договорот е ратификуван пред четири години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Дарко Каевски од СДСМ.

Иницијативата за референдумско изјаснување не наиде на поддршка и од албанските партии не само од власта, туку и од опозицијата. Со ова се доведува во прашање дали и покрај собраните 100 потписи за поднесување барање до Собранието, воопшто може да се очекува и дека ќе помине кај пратениците. Одлуката е антиевропска и деструктивна оценуваат и од ДУИ но и од Алијанса за Албанците.

„Сите напори кои се против продолжување на нашиот европски пат се регресивни се базираат врз сеење на страв, непредвидливост, несигурност а се со една единствена цел доаѓање на власт преку изигрување на народот“, вели Арбр Адеми од ДУИ.

Алијанса за Албанците ставот околу евроинтеграциите е искажан на самата седница на Собранието со поддржување на францускиот предлог. Така што самиот факт што ние го поддржавме го утврдува нашиот став спрема референдумот“, изјави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.

На вчерашниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука дека референдумското прашање ќе гласи – Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.