Се преврте брод со мигранти во Лезвос, најмалку 16 жртви

news
Advertisement

Брод со имигранти потона на грчкиот остров Лезбос. Медиумите во земјава јавуваат дека се работи за 16 лица со африканско потекло. Бродот се превртел во раните утрински часови во четвртокот во морската област „Провоскида“ на истокот од островот, додека во тек е операција на крајбрежната стража за потрага по тела.

Advertisement

Девет жени успеале да побегнат од несреќата и биле испратени во болницата во Митилини, каде што им била укажана и прва помош.

Вкупно, на бродот во Лезвос имало околу 40 луѓе. Во четвртокот во 8 часот наутро мртвите тела биле однесени во мртовечница додека крајбрежната стража, грчката полиција, противпожарната бригада и војската со помош на хеликоптер Супер Пума на воздухопловните сили оперираат во областа во потрага по кај уште најмалку 15 лица исчезнаа. /abcnews

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.