ВИДЕО: Почна војна меѓу руската елита? Уапсен соработник на сопственикот на „Вагнер“

news
Advertisement

Вчера на социјалните мрежи кружеше видео од Москва на кое наводно се гледа апсењето на Алексеј Слободенјук, соработник на сопственикот на групацијата Вагнер, Евгениј Пригожин.

Advertisement

Слободенјук е вработен во медиумската група „Патриот“, која ја води мрежата на каналот на Телеграм и е позната по критиките на рускиот министер за одбрана Шојгу, портпаролот на Кремљ Песков и други.
Во описот на видеото што кружи на интернет стои: „Пропагаторот на Пригожин, Алексеј Слободенјук, кој го нападна Шојгу на интернет, беше уапсен во Москва од СОБР Росгвардиа. СОБР се многу лојални на Путин. Тоа што ова апсење не го извршила ФСБ, како што би се очекувало, укажува на внатрешна борба за моќ и недоверба“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.