ВМРО-ДПМНЕ ја става Данела Арсовска на „ignore“

news
Advertisement

Учеството на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска при промовирањето на проект во општината Гази Баба, без да го покани градоначалникот на оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ, дополнително го продлабочи конфликтот со партијата, што ја поддржа нејзината кандидатура на локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека се дистанцира од однесувањето на Арсовска.

Advertisement

„Поради криминогените договори и неисполнувањето на ветувањата на Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ во целина се оградува од нејзиното однесување и градоначалниците од партијата нема да учествуваат на нејзини настани“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Судирот меѓу ВМРО и Арсовска уследи по разрешувањето на директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, по што следија оставки од кадрите на ВМРО-ДПМНЕ од другите јавни претпријатија во Градот. По сите овие случувања, по скопските улици беа забележани билборди со зборовите кои Арсовска ги кажа во градскиот совет упатени до Мицкоски. Арсовска вели дека десетиците билборди со фотографии од Христијан Мицкоски не ги нарачала таа.

Од СДСМ рекоа дека тие ги нарачале билбордите.

„СДСМ на 24 билборди во Скопје само ја покажува вистината која скопјани многу добро ја знаат, тоа се причините за кавгите во ВМРО-ДПМНЕ, пари, тендери и раце во мед“, велат од СДСМ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.