(Фото) Ќерката на Мајкл Џексон под чипкастиот фустан покажа пирсинг на брадавицата – контроверзната Парис повторно ги изненади фановите

news
Advertisement

Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, на својот Инстаграм сподели серија провокативни фотографии од Париската модна недела.

Advertisement

24-годишната манекенка и актерка позирала во слип фустан во крем боја, со проѕирни детали од чипка и длабоки чизми.

На една од фотографиите таа покажа и дека има пирсинг на брадавиците.

Својот стил го комплетирала со огрлица и тркалезни очила за сонце, а нејзината објава собра преку 200.000 допаѓања.

Ова е првпат Парис да го истакне овој пирсинг на социјалните мрежи, но претходно зборуваше за нејзината голема колекција накит за тело. Вкупно има дури седум пирсови на ушите, што е потсетник на омилениот број на нејзиниот покоен татко.

Џексон има и повеќе од 80 тетоважи, од посвета на нејзиниот татко „Кралот на попот“ до роза што го симболизира нејзиното пријателство со Кара Делевињ.

Да потсетиме, Парис покрај со манекенство и глума почна да се занимава и со музика, а поради одредени детали од животот ја нарекуваа „девојката со најтажните сини очи“.

Најголемо влијание врз Парис имала загубата на нејзиниот татко, со кој живеела до неговата смрт.

Таа ги наполни светските наслови со тврдења за нејзините ментални болести, проблемите со алкохолот и дрогата, а неколкупати се обидела да се самоубие.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.