Крадци влегле во објект на Агенцијата за национална безбедност па снемало струја

news
Advertisement

Од објект во сопственост на Агенцијата за национална безбедност крадци исекле и однеле кабли заради бакарот во нив, како и бакарни делови за пренос на струјата, поради што Агенцијата за храна и ветеринарство два дена имаше проблеми со струјата. Агенцијата за храна сега размислува да воведе 24 -часовно обезбедување.

Advertisement

Сител телевизија објави прилог во кој се вели дека кражба на кабли од трафостаница биле причина за проблеми со струјата во две државни институции. Два дена Агенцијата за храна и ветеринарство не функционирала целосно бидејќи од запуштениот објект до нив кој е во сопственост на Агенцијата за национална безбедност во средата оперирале крадци. кои ги украле бакарните делови за напојување со електрична енергија.

Спроти Агенцијата за храна е и Агенцијата за финансиска подрршка во земјоделието, но тие сепак имале варијанта за напојувањето со струја и системите работеле.

Нефункционалната зграда на Агенцијата за национална безбедност е обрасната со трева, има искршени прозорци и врати, навечер нема осветлување и обезбедување и има лесен пристап за крадци.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.