Габриел: Уставните измени не се единствената обврска за Скопје

news
Advertisement

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел изјави дека Бугарија нема билатерлаен проблем со Северна Македонија во однос на интергацијата во ЕУ и оти услов за продолжување на европскиот пат на Скопје не се само уставните измени туку и почитување на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протокола.

Advertisement

– Бугарија нема билатерален проблем со Република Северна Македонија. Бугарија, во име на заедничкиот европски интерес, и кажува на Северна Македонија што значи да се биде членка на Европската Унија. Имаме три меѓусебно поврзани инструменти и многу јасен став на Националното собрание. Условите кон нашата соседна земја не се само уставни измени, туку и почитување на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протоколи, кажала Габриел на состанок на собраниската Комисија за надворешна политика, прашана за европскиот пат на Северна Македонја, пренесува БТА.

Според неа, важно е Софија да види напредок во другите правци доколку има потешкотии со уставните измени. Габриел посочила дека се одржани два технички состаноци во јули во Софија и во октомври во Скопје, на кои е констатирано дека, за жал, нема напредок.

– Бугарија има многу јасна позиција пред целата Европска Унија. Ние сме земја-членка и како такви со нашите барања до Република Северна Македонија кажуваме дека кога сакаш да бидеш членка на Европската унија мора да ги исполниш обврските што самиот си ги презел. Доколку Република Северна Македонија сака да продолжи кон членство во ЕУ, планот за заштита на малцинствата е веќе критериум, вели Марија Габриел.

Извор. https://iportal.mk/makedonija/gabriel-ustavnite-izmeni-ne-se-edinstvenata-obvrska-za-skopje/?fbclid=IwAR1t5Tb9GyxgogxMfz5O0bKp4UZDhgcKExUKOjS4nnKsFUhYYyI4TE0KAak

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.