ВНИМАВАЈТЕ: Стигаат СМС пораки за „вратени пратки“, но се работи за измама

news
Advertisement

Лажни информации во име на Пошта на Северна Македонија стигнуваат до граѓаните.

Advertisement

Оттаму известуваат дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ граѓаните добиваат пораки на телефон дека нивните пратки нема да бидат доставени.

„АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи. Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта“, велат од пошта.

Од Стопанска банка АД Скопје велат дека овие денови актуелна е измамничка кампања, под закрилата на лажна веб страница која испраќа СМС и e-mail пораки поврзани со наводна „погрешна адреса“ и „вратена пратка“ со линк кој понатаму бара да се внесат лични и финансиски податоци.

„Не кликајте на линкот доколку не сте ја побарале таа услуга! Бидете внимателни и НИКОГАШ не користете пратени линкови за внес на податоци од вашите картички, особено не такви добиени на е-маил или СМС. Ако сте ги внеле податоците за вашата картичката, потребно е ВЕДНАШ да ја блокиратe картичката самостојно преку m-banking или e-banking или со јавување во нашиот 24/7 контакт центар на (02)3100 109. За жал, со развојот на технологијата покрај позитивните промени се појавуваат и вакви криминални активности, па потребно е да се настапува будно, трезвено и со големо внимание при споделување на сите видови лични податоци“, соопштија од банката.

На веб страницата на Банката во делот Картички се наоѓа сегмент за Безбедност при купување на интернет со корисни и едукативни содржини кои можете да ги користите во секое време.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.