Македонски државјани со авион на Ер Србија се на пат за дома

news
Advertisement

Со aвион на Ер Србија со мало задоцнување полетаа патниците од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, македонски и српски државјани, кои се пријавија на повикот за евакуациј од Израел. Од Министерството за надворешни работи најавуваат очекување тие да пристигнат на скопскиот аеродром околу 15.15 часот.

Advertisement

Авионот најпрво ќе слета во Скопје, а потоа во Белград. Патниците беа информирани од капетанот дека нивното патување е резултат на организација од амбасадите на Србија, Македонија, Албанија и Црна Гора.

Македонската Влада во контакт со српската Влада организираше бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побараа помош и евакуација од Израел.

„Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со Ер Србија (Air Serbia) за транспорт на граѓаните кои побарале помош“, соопшти вчера Владата посочувајќи дека трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.