Возел „порше“ со 272 км/ч на автопатот Скопје-Велес, поминал со опомена – поведена постапка против началници и полицајци

Life news
Advertisement

Според извештајот од полицијата, началникот на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата побарал од началникот на Одделот за униформирана полиција – Сектор за сообраќајни работи на возачот да не му биде напишана казна за сторениот прекршок. Така тој извршил влијание на двајцата полициски службеници да не констатираат прекршок, туку само да изречат предупредување за сторен сообраќаен прекршок
Полициски службеници во мај годинава не го казниле возачот на автомобилот со марка „порше“ со кој се движел со 272 километри на час на автопатот Скопје – Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisement

Оттаму велат дека наместо како што налага законот да му биде изречена глоба во износ од 400 евра и забрана за управување со моторно возило од шест месеци до една година, возачот добил само предупредување за сторен сообраќаен прекршок.

Видеоснимка од радар на 6.5.2024 година на автопатот Скопје-Велес / Видео: МВР
„Одделот за внатрешна контрола при МВР достави известување до Обвинителството за гонење организиран криминал против четворица полициски службеници кои не презеле мерки согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата против возач што се движи со брзина од 272 километри на час, туку тој бил само предупреден. Против четворица полициски службеници е поднесен предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина“,

велат од МВР.
По извршените проверки, преглед во службениот материјал и увид во видеоснимките од радар на 6 мај 2024 година, како што велат од МВР, констатирано е дека двајца полициски службеници констатирале сообраќаен прекршок на автопатот Скопје-Велес, односно измериле брзина на движење на автомобил марка „порше“ од 272 километри на час на место каде што движењето е ограничено на 120 километри на час со поставен сообраќаен знак.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *