Вознемирувачко-крв на сите страни: Жена во Струга искасана од кучиња скитници во центарот на градот

news
Advertisement

Проблемот со нападите од кучиња скитници на струшкото подрачје зазема загрижувачки размери. Последните податоци од полицијата за ваквите случаи ја потврдуваат алармантноста на ситуацијата и потребата да се преземат дополнителни мерки. Стружани не се чувствуваат безбедно низ улиците и парковите, но овој проблем не е само во Струга туку на ниво на целата држава. Токму ваков немил настан се случи денес во Струга во непосредна близина до градскиот пазар, а крвта на тротоарите говореше токму за овој настан, откако глутница улични кучиња нападнаа жена.

Advertisement

Ова повеќе не се трпи, каде се сега тие од Анима Мунди да не спасат. Страв ни е на улица да пуштиме мало дете да не биде удавено, велат очевидци за Шило магазин.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.