Меџити: Безобразна злоупотреба е снимката на Ахмети како пее

news
Advertisement

Безобразна злоупотреба е снимката на лидерот на ДУИ Али Ахмети како пее порача потпретседателот на партијата и еден од водачите на „огнената група“ Изет Меџити. Според него, тоа е доказ дека ДУИ дефинитивно мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и од неспособните. „Снимањето на Али Ахмети како пее, а потоа објавување на истата снимка, за дефокусирање на мислењето од реалниот проблем, е безобразна злоупотреба. Снимањето на Али Ахмети и зачувување на овие видеа за да ги употребиш кога ќе ти треба е неточно и очигледно не е првио пат. ДУИ дефинитивно мора да се ослободи од узурпатори, платеници и неспособни, напиша на Фејсбук Меџити.

Advertisement

По првата средба на „огнените“ со партиските структури во Студеничани, од ДУИ немаше никаква реакција. Преку социјалните мрежи кружеше видео на кое Ахмети со цигара во рака, видно расположен пее песна со која порача „Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од злото“, пее Ахмети.

Видеото на распеаниот Ахмети се доведува во врска со средбата на „огнената група“ со огранокот во Студеничани, наводно дека лидерот на ДУИ со песна им одговара на „огнените“. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити во Студеничани му порача на Ахмети дека се со него, но и да не го гори јорганот за една болва, алудирајќи на првиот вицепремиер Артан Груби.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.