Повредено бебе во градинка во Гевгелија. Сомнежи за насилство

news
Advertisement

Од гевгелиската градинка „Цветови“ ги демантираа информациите дека 10-месечно дете е жртва на брутално насилство кои вечра ги изнесе пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ангелина Петкова.

Advertisement

Велат дека станувало збор за детска игра при што настанале гребаници на едно од згрижените дечиња.

„Случајот го пријавивме до надлежното Министерство за труд и социјална политика и очекуваме уште утре надлежен инспектор од МТСП да ја посети установата“, соопштија вчера од градинката во Гевгелија.

Оттаму не објаснуваат како точно се повредило детето.

Случајот беше забележан и во полицискиот билтен.

„На 24.11.2022 година во Полициската станица Гевгелија, Т.Н. (24) од село Брајковци, валандовско, пријавил дека на 22.11.2022, во периодот од 07:00 часот до 14:45 часот, во градинка во Гевгелија, вработените ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување на децата, оставајќи ги подолг период без надзор, при што неговата 10-месечна ќерка се здобила со повреди. Како што е пријавено, за ова вработените не го известиле него, ниту пак детето го однеле во медицинска установа за укажување помош“, се вели во полициското соопштение.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Петкова вчера појасни, дека во вторникот, 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија се случил брутален инцидент, а 10 месечно бебе завршило во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.