Воопшто не се кае. Само прашува дали станал популарен

news
Advertisement

Страшните прашања кои ги поставува ученикот осомничен за убиство во Србија, тој е убеден дека наскоро ќе биде ослободен

Advertisement

13-годишникот кој со пиштолот на татко му уби осум врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, не се покаја ниту денеска, шест дена по монструозниот чин.

Моментално е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија.

Како што пишува српскиот весник „Блиц“, момчето има само две прашања: „Кога ќе излезам одовде“ и „Какви се реакциите за тоа што го направил?“, пренесува Инсајдер.

Весникот наведува дека осомничениот не побарал да има контакт со никого, а не побарал ниту да се сретне со родителите.

„Нема барања, дури ни за родителите. Единствениот интерес му е кога ќе излезе и какви се реакциите на неговиот чин“, вели изворот на „Блиц“.

Опишувајќи ја моменталната состојба на осомничениот, изворот наведува дека тој е потполно мирен и не треба ни да му се дава седативи.

„Тој очекува да биде многу популарен. Неговите очекувања се дека луѓето ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му пеат“.

Дотичниот медиум јавува дека момчето престанало да ги убива своите пријатели иако имало уште два куршуми, односно 34 куршуми бидејќи чувствувало како му се одзема здивот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.